5 совети од Ана Винтур за успешна кариера

Ако некој знае успешна формула за успешна кариера, тогаш тоа сигурно е Ана Винтур....

Дека без многу работа, вложување труд и откажување од некои нешта нема успех, цврсто верува и Ана Винтур, една од највлијателните жени во светот на модата. Долгогодишната уредничка на магазинот „Vogue" и дама чии ставови допираат до целиот свет, открива неколку совети кои можат да ви помогнат...

Вашата личност и вашето однесување се многу важни

„Комуникацијата е клуч во секој бизнис. Не можете да бидете тешка, срамежлива личност која не може никого да погледне во очи. Мора да знаете да се претставите. Мора да знаете како да зборувате за својата визија, целите и ставовите. Ако не можете вие да бидете страствени за тоа што го работите, како тогаш очекувате другите да бидат?"

Почнете да работите дури и ако тоа не е работата од вашиот живот

„Вработете се. Работата го создала човекот и секако дека е подобра од седењето дома. Без разлика дали работите како дизајнер или во ресторан, секогаш слободното време можете да го искористите за да го правите она што го сакате.

Учете од професионалци, сосема е во ред да имате надредени

„Малкумина се оние кои веднаш по завршување на образованието започнуваат сопствена работа и успеваат. Барем јас познавам само неколку. Повеќето од нас мораа многу да работат, да учат од искусните и да се откажат од многу работи со цел да успеат".

Размислете за вашите долгорочни цели

„Во овој свет можеш да станеш славен преку ноќ, без оглед дали преку Инстаграм или било која друга платформа, но да се биде успешен на долги патеки е нешто сосема друго. Тој е успехот кој се цени и кој е вистински".

Најдете си ментор

„Важно е да имате некој со кого ќе разговарате и ќе дискутирате за професионалните идеи".

Поврзани

Најнови вести

Коментари