Многу жени ширум светот се прашуваат како некои познати личности изгледаат витки дури и по породувањето. Истото прашање може да ѝ се постави и на Викторија Бекам, а тајната за нејзината прекрасна фигура еднаш ја открил нејзиниот сопруг и фудбалер Дејвид Бекам.
Имено, во едно од своите интервјуа, Бекам изјавил дека за разлика од него, кој сака да готви и да експериментира со храната, неговата поубава половина ретко отстапува од двете намирници кои се редовна ставка на нејзиното скромно мени.
„За жал, оженет сум со некој кој јаде иста храна секој ден. Тоа трае повеќе од 20 години. Откако ја запознав, таа јаде само риба на скара и зеленчук на пареа. Ретко отстапува од тоа“, рекол Бекам тогаш.
Истото прашање еднаш и го поставија на Викторија Бекам странските медиуми, а таа со својот одговор го поткрепи мислењето на нејзиниот сопруг.
"Кога станува збор за храната, ќе звучам прилично досадно. Што сакам? Па, сакам тост од цело зрно со малку сол", одговорила Викторија, а потоа се осврнала на проблемот што го има во рестораните бидејќи е многу пребирлива кога е храната во прашање.
Своевремено изјавила и дека од детството не јадела црвено месо и млечни производи и дека толку строги принципи во однос на исхраната вовела во периодот кога настапувала со девојките од групата „Спајс грлс“.
Нивните турнеи низ светот вклучуваа одење во ресторани и јадење храна полна со калории и јаглехидрати, а за да не и наштети на фигурата, Викторија тогаш започнала скромна диета, а до тој принцип се држи и денес. Во една прилика изјавила и дека голема улога во нејзиниот физички изглед има ритуалот кој го практикува секое утро, а тоа е пиење две лажици јаболков оцет на празен стомак, измешани со чаша топла вода со лимон, што наводно влијае и на изгледот на нејзината кожа.
Дали би живееле како Викторија Бекам?
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата