logo
logo
logo

4 митови кои ве спречуваат да имате ФЕНОМЕНАЛ СЕ * С - СИТЕ МАЖИ веруваат во последниот!

Vecer | 25.07.2021

4 митови кои ве спречуваат да имате ФЕНОМЕНАЛ СЕ * С - СИТЕ МАЖИ веруваат во последниот!

Кога станува збор за сексуалните односи, некои луѓе несвесно се воздржуваат од максимално задоволство, бидејќи дозволуваат одредени митови да ги ограничат.

Постојат неколку главни верувања кога станува збор за интимни односи, и ако верувате во нив, се надеваме дека овој текст ќе ви биде од корист.

Откако ќе ги ослободите умот и телото, тогаш ќе почне да чувствувате вистинско задоволство.

МИТ 1: Се * е добар само ако заврши со оргазам

Вистина: Оргазмот е само бонус, а не цел. Многу луѓе чувствуваат притисок да доживеат оргазам, да му покажат на својот партнер дека уживаат. Овој притисок ја зголемува вознемиреноста и го поместува фокусот од чувствата во нивното тело и предизвикува негативни мисли. Овој притисок на крајот го намалува задоволството и можноста за оргазам воопшто.

Целта всушност треба да биде задоволството! Оргазмот не значи дека е добар. Но, ако го имате - уживајте. Задоволството е она што го прави сексот добар.

МИТ 2: Сите оргазми се исти и треба да бидат експлозивни.

Вистина: Постојат многу видови на оргазам. Да именуваме неколку: клиторисен, вагинален, анален, ероген, комбиниран ... и списокот продолжува. Секој е различен. На пример, клиторисниот се чувствува како трепет на површината на кожата, додека за време на вагинален се чувствува пулсирање на карличните мускули и околу вагината.

Секој има свој оргазам и не мора секогаш да биде со големо „О“, како што тоа го претставуваат некои списанија. Да ве потсетам, добар се * е тоа што ви дава задоволство, па ќе го пронајдете оргазмот што го сакате.

МИТ 3: Жената е возбудена ако е природно влажна.

Вистина: Жената може целосно да се возбуди без да биде влажна. Постојат многу причини зошто жените не се влажни за време на сексот. Може да биде од медицински причини, нејзин циклус, намален естроген или едноставно затоа што не се навлажнила во тој момент. Ако ви се случи тоа, не грижете се, тоа е нормално. Меѓутоа, ако тоа често ви се случува и предизвикува болка за време на сексуален однос или ви го отежнува животот, би било добро да се консултирате со гинеколог. Препорачливо е да го чувате лубрикантот во близина, бидејќи тоа само ќе го подобри вашето задоволство.

МИТ 4: Колку е поголема „алатката“, толку подобар с * с.

Вистина: Ова е најголемиот мит, во кој веруваат скоро сите мажи. Не станува збор за големината на пенисот, туку за тоа како се користи. Поголемото обично не е подобро. Без оглед на големината, пронајдете поза во која ќе ужива вашиот партнер и не заборавајте да ги стимулирате сите ерогени зони.

Се*сот е ментален, како и физички чин. Продолжете да се едуцирате за вашето тело и нека разговорот за се*сот ви стане рутина. Дефинирајте го вашиот сексуален живот врз основа на она што на крајот ви носи задоволство.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk