logo
logo
logo

39-годишниот Дејан ја доби првата битка, ќе се лекува во болницата „Сју Рајдер“

Vecer | 27.09.2022

39-годишниот Дејан ја доби првата битка, ќе се лекува во болницата „Сју Рајдер“

 Тој е 15 години има мултиплекс склероза, а по прележаниот ковид состојбата се влошила. Тој има  отворени и големи рани по телото. Во домашни услови  го лекуваше неговата мајка. Тој од денеска ќе ја добие целата медицинска нега, а неговата мајка е среќна што стручни луѓе ќе му помогнат,а трошоците ќе се намалат. Од министерството за труд и социјлна политика по сторијата на канал 5 веднаш иницираа Дејан да се хоспитализира и помош кон ова семејство.

Директорката на болницата Салија Љатиф Петрушевска објаснува дека Дејан ќе ја добие целата грижа, раните од неговото тело да се излекуваат.

Од болницата објаснуваат дека се почесто се бара ваков тип на нега во нивната установа и бараат владата итно да ги разгледа сите барања за нови вработувања на медицински персонал и да не чека ниту еден граѓанин за лекување во оваа установа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk