logo
logo
logo

3.000 ЛУЃЕ ОТКРИЈА: Колку жени и колку мажи ПРОСТУВААТ НЕВЕРСТВО

Vecer | 13.04.2021

3.000 ЛУЃЕ ОТКРИЈА: Колку жени и колку мажи ПРОСТУВААТ НЕВЕРСТВО

Можеби едно од најважните прашања во секоја врска, но и најтешкото: Дали ќе простите неверство?

Логично, имате целосно право да избркате  неверен партнер од вашиот живот.

Но, исто така, ако така изберете, можете да ја преболите и прељубата.

Затоа е многу интересно да се погледне што вели истражувањето.

Едно британско истражување во кое се опфатени 3.000 мажи и жени се осврна на прашањето дали ќе толерираат неверство

Првиот и многу шокантен факт е дека дури 85 проценти од жените биле изневерени во претходните врски, додека кај мажите тој процент е околу 80 проценти.

Сепак, уште поинтересно е што припадниците на посилниот пол се повеќе склони да простуваат отколку жените.

Имено, 86 проценти од мажите рекле дека ќе простат, додека 82 проценти од жените би го сториле тоа.

Секако, секоја врска е различна, и кога ќе се најдеме во позиција каде партнерот изневерува, многу фактори влијаат на нашите одлуки.

Што е најважно, постои драстична разлика во тоа кој фактор на неверство е најважен за мажите, а кој за жените.

„Кога се соочуваат со неверство, мажите се фокусираат на нејзината физичка компонента, од друга страна, жените се многу позаинтересирани за емотивниот аспект на изневерувањето“, објаснува психотерапевтката Луси Бересфорд

„Фактот дека мажите се повеќе склони кон прошка може да биде поврзано со фактот дека двата пола реагираат различно. Мажите се фокусирани на физичката страна на изневерувањето и ќе биде многу потешко да и се прости ако се случил секс. И на жените ќе им биде многу потешко да ја пребродат емоционалната прељљуба“, тврди Бересфорд.

Интересно, другите истражувања покажуваат дека дури 20 проценти од прељубниците немаат секс со тие со кои изневеруваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk