logo
logo
logo

КАКОВ ХИТ! Невестата го фрлила бидермаерот, ама завршил каде што никој НЕ ОЧЕКУВАЛ!

Vecer | 08.02.2025

КАКОВ ХИТ! Невестата го фрлила бидермаерот, ама завршил каде што никој НЕ ОЧЕКУВАЛ!

„Се обложувам дека вакво нешто не сте виделе“, рекол корисник на ТикТок, објавувајќи видео од една венчавка. Имено, на видеото невестата го фрла бидермаерот. Таа е облечена во краток бел фустан и олдскул патики, а зад неа се собрани многу девојки. Според традицијата, девојката што ќе го фати букетот е таа што треба да се омажи следна.

И, како што може да се забележи и во видеото, сите девојки биле подготвени, одбројувањето почнало, а потоа невестата го фрлила букетот. Но, тој не завршил во рацете на ниту една од кандидатките за мажаење, туку прелетал покрај сите нив и стигнал до бендот. Бидермаерот завршил кај тапанарот, кој воодушевено го крена и славеше, а аплаузите одекнаа низ салата.

„Честитки до тапанарот од бендот „Темпо“ од Задар за првиот уловен букет“, се вели на ТикТок.

Видеото е прегледано над 200 илјади пати, а во коментарите многумина напишале како добро се насмеале: „Хит“, „Премногу добро“, „Имаш силна рака“, „Отиде тапанарот“, „Добар потег“...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk