Ферари наскоро би можел да ги израдува љубителите на класичното возење со враќање на мануелниот менувач.
Според најновите информации, италијанскиот производител наводно подготвува специјална верзија на моделот 12Cilindri со три педали и мануелен менувач. Ако гласините се покажат како точни, новиот модел би можел да биде претставен уште во текот на летото, што би го означило враќањето на мануелниот Ферари по првпат по речиси две децении.
Наводно, автомобилот ќе биде произведен во ограничена серија од само неколку стотици примероци наменети за најважните купувачи на брендот. Одредени извори тврдат дека моделот би можел да ја носи ознаката 12Cilindri MM. Под хаубата се очекува атмосферски 6.5-литарски V12 мотор со 830 КС, додека мануелниот менувач би требало да обезбеди целосно поинакво чувство при возењето во споредба со модерните автоматски трансмисии со двојна спојка.
Покрај тоа, Ферари наводно развива и таканаречен „дигитален“ мануелен менувач за идните електрични модели. Системот би користел електронска педала за куплунг (спојка) која го симулира чувството на класичен мануелен менувач, вклучувајќи го отпорот и повратната реакција на педалата.
Сепак, се очекува дека евентуалниот мануелен 12Cilindri ќе користи целосно класично решение, што посебно ќе ги израдува традиционалистите и колекционерите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата