logo
logo
logo

Побизарно не може

14 најлуди СЕ*С ЗАКОНИ: „Се*сот со ЖИВА РИБА не е дозволен!“

Vecer | 19.08.2022

14 најлуди СЕ*С ЗАКОНИ: „Се*сот со ЖИВА РИБА не е дозволен!“

Пред да се подготвите за одмор во Америка, внимателно проучете ги тамошните закони за да не го поминете зад решетки, доколку ја понесете вашата секс играчка со вас. Во другите делови на светот постојат бизарни закони за секс, а некои се толку неверојатни што човек за момент застанува и размислува дали е шега. Но не, такви закони навистина постојат.

Ви ги пренесуваме 14-те најлуди закони за секс. Некој беше навистина сериозен кога ги донел:

1. Лондон

Забрането е водење љубов на паркиран мотор. Колку може да биде опасно?

2. Алабама

Нелегално е да се има каква било сексуална играчка во таа американска држава. Во Аризона, дозволени се само две. Тие што имаат три ризикуваат затвор.

3. Бејкерсфилд, Калифорнија

Забранет е секс со Сатаната освен ако не се користи кондом. Значи, мора да му одолеете на искушението доколку немате заштита со вас.

4. Индијана

Заборавете на оралниот секс во таа земја. Но, од друга страна пак не мора да се грижите дали љубовникот ја исплакнал устата пред бакнежот или не.

5. Кина

На жените им е забрането да шетаат без крпа во хотелска соба. Прашање е како го проверуваат тоа на рецепција.

6. Минесота

Во Минесота сексот со жива риба е нелегален. Но, мртвите не се споменати во законот.

7. Хелеторп, Мериленд

Пред да одите да го бакнете партнерот, заборавете на романтиката и подгответе тајмер. Таму е забрането да се бакнувате јавно повеќе од една минута. Во Ајдахо се помеки па дозволуваат 18 минути.

8. Хонг Конг

Според законот, жената смее да го убие својот сопруг доколку го фати во прељуба, но само со голи раце. Затоа таму мажите се особено внимателни .

9. Грузија

Сексот пред брак се уште е противзаконски во таа земја. Затоа, бидете внимателни ако одлучите да патувате таму. Или треба прво да се венчате или да ставите појас за невиност.

10. Висконсин

Дивиот секс таму е под контрола. Со закон е забрането да пукаш од пиштол додека партнерот свршува.

11. Бирмингем

Кога ќе зајде сонцето, на скалите од црквата е забрането маж и жена да се „фаќаат“.

12. Минесота (повторно)

Законот навлезе во спалните соби на граѓаните, па им е забрането да спијат голи. И после секс мора да се облечат, колку и да е тешко.

13. Бангладеш

Забрането е гледање филмови со секс сцени или голотија. А бакнежите во филмовите не се дозволени ако се локални актери.

14. Кентаки

Таму кучињата се под лупата на законот. Ним им е забрането сексуално да напаѓаат луѓе, на пример да им „скокаат“ на нозе.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk