logo
logo
logo

13 години ГО ЛАЖЕЛЕ ДЕКА Е ВО ВРСКА со Алесандра Амбросио, ПОТРОШИЛ 700.000 ЕВРА

Vecer | 27.11.2021

13 години ГО ЛАЖЕЛЕ ДЕКА Е ВО ВРСКА со Алесандра Амбросио, ПОТРОШИЛ 700.000 ЕВРА

Роберто Кацанига (42) е поранешен италијански одбојкарски репрезентативец кој со години мислел дека е во врска со бразилскиот модел Алесандра Амбросио (40), која моментално е во врска со Ричард Ли. Поточно, тој верувал дека се заедно во последните 13 години!

За работите да бидат поневеројатни, тие никогаш не се ни запознале, а тој потрошил дури 700.000 евра за неа. Подоцна се испоставило дека Алесандра всушност е Маја, 50 години. Според Роберт, пријател му дал телефонски број кој наводно припаѓал на жена која сакала да го запознае. Таа тогаш му признала дека името е псевдоним и дека таа е всушност Алесандра.

„Не, никогаш не сме се виделе. Таа секогаш имаше илјада изговори, како болест или работа. Но, јас сепак се заљубив во тој глас. Контактиравме само преку мобилен, речиси секој ден", рекол Роберто.

Тој кажа и дека позајмувал пари од роднини, семејство, пријатели... Потоа открил дека зад измамата стојат три лица, а неговите соиграчи го опишале како интровертен и наивен и дека всушност се сомневале во измама и го пријавиле случајот во полицијата, која извршила увид.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk