logo
logo
logo

Дали е МИТ еден од НАЈЧЕСТИТЕ СОВЕТИ ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Vecer | 03.10.2022

Дали е МИТ еден од НАЈЧЕСТИТЕ СОВЕТИ ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Денес на интернет има бескрајно многу различни совети за слабеење и токму затоа никогаш не треба да следите недокажани планови за исхрана, оние на кои луѓето често се колнат на социјалните мрежи.

Со сите овие препораки достапни, неколку од нив се повторуваат одново и одново, па ние горе-долу ги земаме здраво за готово. Една таква теорија проповеда дека ако сакаме да спречиме зголемување на телесната тежина, треба да јадеме повеќе во текот на денот и да избегнуваме храна навечер.

Сепак, една неодамнешна студија ја разоткри оваа популарна теорија и откри дека времето на оброците нема да ни помогне да ја одржиме нашата тежина или да изгубиме тежина.

Таа вели дека времето кога јадеме всушност воопшто не влијае на тоа и дека метаболизмот согорува ист број калории навечер како и наутро. Сепак, студијата истакна една придобивка од утринските оброци која може да се поврзе со тежината; па тврди дека е добро да се јаде веднаш наутро бидејќи после тоа помала е веројатноста дека поради глад ќе посегнеме по разни грицки.

Како дел од ова истражување спроведено во САД, исхраната на 16 мажи и 14 жени била следена четири недели, а истражувачите забележале дали на нивната тежина влијае времето од денот кога консумирале најмногу калории.

Секој учесник добил исто здраво мени, но половина од нив морале да внесуваат поголем дел од калориите наутро, а другата половина за време на вечерата. По две недели, групите се сменија, така што првиот јадеше најмногу навечер, а вториот наутро; а резултатите покажале дека времето од денот на консумирање храна немало влијание врз слабеењето. Имено, сите учесници губеле иста количина секоја недела, што значи дека користеле иста количина на енергија наутро и навечер.

„Сепак, учесниците кои обилно појадуваа беа позадоволни во текот на денот, а нивниот апетит беше „подобро контролиран“, изјави за Мирор водечката авторка на студијата, професорката Александра Џонстон, пренесува Prva.rs.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk