logo
logo
logo

Лекарите открија во кое време од денот е најлошо време за јадење - тогаш го зголемувате ризикот од развој на рак

Vecer | 23.09.2022

Лекарите открија во кое време од денот е најлошо време за јадење - тогаш го зголемувате ризикот од развој на рак

Според Светската здравствена организација, ракот е втора водечка причина за смртност. Некои од најчестите видови на рак кај мажите вклучуваат: рак на белите дробови, на простата, на дебелото црево и рак на црниот дроб, додека жените се повеќе склони на канцер на дојка, белите дробови, тироидната жлезда и грлото на матката.

Треба да се каже дека нашиот начинот на живеење и исхрана играат клучна улога кога станува збор за намалување на ризик од  рак. Истражувачите веруваат дека не само што јадеме, туку и кога јадеме мора да се испита.

Според студијата спроведена од истражувачи од Институтот за глобално здравје во Барселона, времето во кое јадеме може да одреди кој е изложен на поголем ризик од развој на рак. Истражувачите откриле дека луѓето кои редовно јадат по девет навечер и не одмараат најмалку два часа по јадење пред да одат на спиење, се изложени на поголем ризик да добијат рак - процентуално тој е 25 проценти.

ЗОШТО СЕ СЛУЧУВА ОВА?

Биолошкиот часовник го одредува и регулира циклусот на спиење и будност и се повторува на секои 24 часа и е познат како деноноќен ритам. Ако биолошкиот часовник на вашето тело работи правилно, од 21 часот па натаму, вашето тело треба полека да се подготвува за одмор, наместо да стане поактивно, што може да се случи после јадење.

ЗА СТУДИЈАТА

Студијата опфатила 621 случај на рак на простата и 1.205 случаи на рак на дојка и проучувала 872 мажи и 1.321 жена кои никогаш не работеле ноќна смена. Со помош на истражувачи и прашалници, тие биле прашани за времето кога јадат и спијат.

Луѓето кои рекле дека отишле да спијат два или повеќе часа по вечерата, имале 20 отсто помал ризик од развој на рак на дојка и простата. Меѓутоа, кога јаделе доцна, ризикот од развој на рак пораснал на 25 проценти.

“Нашата студија заклучи дека придржувањето кон секојдневните навики во исхраната е поврзано со помал ризик од рак. Овие наоди ја нагласуваат важноста на времето во студиите за исхрана и рак“, рекол д-р Манолис Когевинас, водечки автор на студијата.

“Иако се потребни повеќе истражувања за да се утврди зошто времето на јадење влијае на ризикот од развој на рак, некои докази сугерираат дека тоа може да се должи на нарушен режим на спиење“, додава тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk