logo
logo
logo

Едно ЈАЈЦЕ од оваа обична кокошка вреди 70.000 денари: Сопственикот во шок, понуди доаѓаат од сите страни (ФОТО)

Vecer | 16.08.2022

Едно ЈАЈЦЕ од оваа обична кокошка вреди 70.000 денари: Сопственикот во шок, понуди доаѓаат од сите страни (ФОТО)

Штом го видела сопственичката, знаела дека е посебно, но немала поим дека е толку посебно.

Јајцето од кокошката, кое сопственичката од Англија ја нашла и ја вдомила, би можело да и донесе 500 фунти (околу 70.000 денари), бидејќи е “едно во милијарда“.

Анабел Мулкахи, која 20 години спасува и се грижи за нив, се зачудила кога видела совршено округло јајце под едена од своите кокошки.

Љубовта кон повредените и напуштените птици им ја пренела на своите деца, кои и помагаат да се грижи за нив во нивниот дом во Западен Оксфордшир, пренесува Метро. Така, “Златната“ кокошка го добила името Твински по прекарот на една од нејзините ќерки.

По откритието, Анабел побарала на Гугл и открила дека шанса кокошката да снесе вакво јајце е една во милијарда.

- Навистина е чудно, морав двојно да проверам. Можам да го тркалам на маса како мермер - изјавила Анабел за споменатиот портал.

Рекла дека сака да го продаде и веќе го огласила на сајтот eBay. Верувале или не, некои веќе понудиле над 480 фунти

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk