Мистериозна смрт на албански актер и неговата сопруга: паднале од 6 кат, деца…

Полицијата во Њујорк ја истражува мистериозната смрт на албанскиот актер и неговата сопруга, кои паднале од шести кат во зграда и дали можеби имало знаци на борба.
Албанскиот актер Флоринд Белиу (35) и неговата сопруга Орнела Шехи (28) биле пронајдени во дворот на зграда во Бронкс во саботата на 6 август околу 9 часот.
Биле прогласени за мртви 10 минути подоцна, а идентификувани биле од пријатели и соседи кои отишле да ги видат телата.
Соседите рекле дека нивните синови на две и шест години врискале по мајка си по падот.
Локален извор изјавил за Њујорк Пост дека на снимката се гледа како Орнела прво паѓа на земја, а потоа Флоридн секунди подоцна.
Полицијата истражува дали постојат знаци на борба пред фаталниот пад.
Откако неколку соседи го опишале актерот како “импулсивен“ и човек кој “држел во себе“, полициски извор за Post изјавил дека мажот можеби боледувал од ментално растројство.
– Во станот има знаци кои покажуваат дека не било се во хармонија… рекол изворот.
Еден сосед изјавил дека актерот на денот на инцидентот славел роденден.
Се уште не е потврдено дали се работи за убиство или самоубиство, полицијата ги истражувала сите можни траги, вклучително и двојно убиство.
Мистериозна смрт на албански актер и неговата сопруга: паднале од 6 кат, деца…
Сопружниците со двете деца се вселиле во зградата пред четири месеци, а надлежните засега немаат пријави за семејно насилство.
Белиу дипломирал на Универзитетот за уметности во Тирана, Албанија. Настапувал на телевизија и театар пред да се пресели во САД, објави EuroNews Албанија. Од пред две години, тој работел на две книги и филмско сценарио надевајќи се ќе ги пренесе на Нетфликс, според извештајот.