logo
logo
logo

Стручно: ОВА СЕ ПЕТ ЛАГИ ЗА ДЕБЕЛЕЕЊЕТО, прочитај ги и отвори нова страница

Vecer | 22.05.2022

Стручно: ОВА СЕ ПЕТ ЛАГИ ЗА ДЕБЕЛЕЕЊЕТО, прочитај ги и отвори нова страница

Да му кажеш на дебел човек да јаде помалку и да се движи повеќе е исто како да му кажеш на депресивен да се „расположи малку“

Дебелината е еден од водечките здравствени проблеми денес, сложена болест која се карактеризира со прекумерна телесна маснотија. Иако за многумина станува збор исклучиво за естетика, дебелината е медицински проблем, што го зголемува ризикот од други болести и здравствени проблеми - срцеви заболувања, дијабетес, висок крвен притисок и одредени видови на рак.

Дебелината е резултат на наследни и физиолошки фактори

Постојат многу причини зошто некои луѓе имаат потешкотии да ослабат. Дебелината обично е резултат на наследни, физиолошки и еколошки фактори, во комбинација со исхрана, физичка активност и избор на вежбање. Добрата вест е дека дури и скромното губење на тежината може да ги подобри или спречи здравствените проблеми поврзани со дебелината.

Поздравата исхрана, зголемената физичка активност и промените во животните навики може да му помогнат на сите да ослабат неколку килограми. За жал, стапките на дебелина се зголемуваат со текот на годините, како и митовите и заблудите за болеста, а следните 5 се најчести.

Лага број 1 - Сите калории се исти

Калориите се мерка за енергија. Сите калории имаат иста енергетска содржина. Сепак, тоа не значи дека сите извори на калории имаат исти ефекти врз нашата тежина. Различна храна поминува низ различни метаболички патишта и може да има многу различни ефекти врз гладот ​​и хормоните кои ја регулираат телесната тежина.

На пример, калориите на протеините не се исти со калориите на мастите или јаглехидратите. Замената на јаглехидратите и мастите со протеини може да го подобри нашиот метаболизам и да го намали апетитот и желбата за одредена храна. Исто така, калориите од овошјето, на пример, ќе ја заситат личноста многу повеќе од калориите од рафинираната храна, како што се слатките.

Лага број 2 - Слабеењето е јасен процес

Губењето на тежината обично не е линеарен процес, како што мислат некои луѓе. Некои денови и недели можеме да изгубиме тежина, додека други малку да се здебелиме. Но, тоа не е причина за загриженост. Нормално е телесната тежина да се движи нагоре-надолу, за неколку килограми. На пример, можеби носиме повеќе храна во нашиот дигестивен систем или задржуваме повеќе вода од вообичаено. Оваа состојба е уште поизразена кај жените, бидејќи количината на вода може значително да варира во текот на менструалниот циклус.

Лага број 3 – Суплементите можат да помогнат во слабеењето и да го елиминираат проблемот наречен дебелина

Индустријата за додатоци за губење на тежината е огромна. Различни компании тврдат дека нивните суплементи имаат драматични ефекти, но кога ќе се проучат, излегува дека тие ретко се многу ефикасни и имаат скромно влијание врз слабеењето. Главната причина зошто суплементите навистина делуваат кај некои луѓе е плацебо ефектот. Луѓето често „паѓаат“ на маркетиншки тактики и сакаат суплементи кои ќе им помогнат да ослабат, па стануваат посвесни за тоа што јадат, што е генерално добро за самиот процес на слабеење.

Лага број 4 - Дебелината е поврзана со волјата, а не со биологијата

Неточно е да се каже дека нечија тежина зависи од силата на волјата. Дебелината, според експертите, е многу сложено нарушување со десетици, ако не и стотици фактори кои придонесуваат за развој на оваа состојба. Бројни генетски варијабли се поврзани со дебелината, а различни медицински состојби, како што се хипотироидизам, PCOS и депресија, може да го зголемат ризикот од зголемување на телесната тежина.

Нашето тело функционира со помош на бројни хормони и биолошки патишта кои треба да ја регулираат телесната тежина, а често се случува да бидат нефункционални кај дебелите луѓе, што го отежнува слабеењето.

На пример, отпорноста на хормонот лептин е главната причина за дебелината. Лептинот треба да испрати сигнал до нашиот мозок дека има доволно складирани масти. Но, ако некој е отпорен на лептин, а таа информација не стигне до мозокот, ќе помисли дека личноста гладува. Тогаш човекот почнува свесно да јаде повеќе и влегува во многу тешка борба со волјата која му вели „престани да јадеш, не си гладен, си јадел пред еден час“.

Секако, сето ова не значи дека луѓето треба да се откажат од обидот да ослабат заради здравјето и да ја прифатат својата генетска судбина. Слабеењето ќе биде проследено со постојан замор.

Лага број 5 - Јадете помалку, движете се повеќе

Телесните масти се складирана енергија. За да го изгубите вишокот маснотии, треба да согорите повеќе калории отколку што јадете. Од таа перспектива, се чини дека помалку храна и повеќе вежбање би ви помогнале да изгубите тежина. Иако овој совет функционира теоретски, особено ако некој трајно го промени начинот на живот, експертите истакнуваат дека ова е лоша препорака за сите оние кои имаат сериозен проблем со тежината.

Според нив, повеќето луѓе кои го следат овој совет на крајот ја враќаат изгубената тежина поради физиолошки и биохемиски фактори. Потребна е голема и трајна промена во перспективата и однесувањето за да ослабете со помош на одредена диета и со примена на препорачани вежби.

Ограничувањето на внесот на храна и зголемувањето на физичката активност не е доволно. Да му кажеш на дебел човек да јаде помалку и да се движи повеќе е исто како и да му кажеш на депресивен „малку да се забавува“. Звучи логично но, тоа е крајната цел без да се укаже на методите како да се дојде до тоа. Секој треба да го селди, внимателно, начинот на својот живот и животен стил и влијанието на сето тоа врз дебелината и, да делува. Не е секоја тежина опасна и грда колку што е грда и опасна опседнатоста дека само слаб човек е убав и енергичен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk