logo
logo
logo

Нов или враќање на стариот тренд: Црни венчаници се повеќе популарни...

Vecer | 22.05.2022

Нов или враќање на стариот тренд: Црни венчаници се повеќе популарни...

Во септември и октомври 2021. година црна венчаница на интернет била повеќе барана од белата.

Иако многу луѓе мислат дека носење бела венчаница е традиција долга стотина години, тоа сепак не е точно.

До средина на 19. век венчаниците во боја биле задолжителни, а потоа кралицата Викторија 1840. година направила револуција кога облекла раскошна бела венчаница.

Дека старите трендови се враќаат на голема врата, со неколку промени, докажува и венчаница во црна боја. Имено, спрема податоците на Гугл, се поголем интерес е за венчаница во црна боја. Интересно е што побарувачката на црни и бели венчаници е подеднаков во последните 12 месеци.

Во септември и октомври 2021 година црната венчаница била повеќе барана од белата.

- Тоа ми се допаѓа. Црните футани се поелегантни – рекла Лаура Мекевер, менаџер за односи со јавноста на компанијата "Dejvids bridal".

- Еволуција зафаќа се па и венчавања. Започна 2021 година, кога невестите морале да го откажат венчањето поради пандемија па посакале нивното влегување во брак биде незаборавно. Сакале да изгледаат необично и тоа на место кое не се заборава – истакнала Лаура.

Судејќи по коментарите на социјалната мрежа Твитер, може да се види дека и во некои балкански земји жените биле одушевени од црни венчаници, кои со задоволство го споделувале своето размислување.

- Го нормализираме носењето црни венчаници. Црната боја означува елеганција – напишала една девојка.

- Црна венчаница е таа која сега би ме натерала да се омажам – додала друга.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk