logo
logo
logo

ХОТЕЛ НА РАЗВРАТОТ кој ги знае ТАЈНИТЕ на славните

Vecer | 17.05.2022

ХОТЕЛ НА РАЗВРАТОТ кој ги знае ТАЈНИТЕ на славните

Свеченото отворање на 75 Кански филмски фестивал е резервирано за вечерва, што значи само едно - ѕвездите на холивудската и светската кинематографија ќе итаат кон францускиот Азурен брег и привремениот престој ќе го најдат во луксузни хотели.

Еден од таквите светски познати луксузни хотели, со долга традиција на хостирање ѕвезди, е Hotel du Cap-Eden-Roc. На само 15 минути од Кан со автомобил, овој хотелски бисер е една од омилените дестинации на познатите личности, кои после долги ноќи и пиење литри шампањ одат таму да се одморат.

Сместен во медитерански рај со зелени и миризливи градини, Hotel du Cap-Eden-Roc нуди сè што една ѕвезда може да побара за време на престојот. Како што секогаш се случува со ѕвездите - има секакви желби.

Оваа луксузна зграда е позната и како „старата дама на Азурниот брег“, има 155 соби и апартмани и две приватни вили кои гарантираат максимална приватност на своите гости. Хотелот се карактеризира со прекрасна бела зграда опкружена со медитерански градини полни со чемпрес и цитрус, а секоја соба нуди спектакуларен поглед на околината - синото море и францускиот брег.

Покрај луксузната декорација, хотелот се карактеризира и со одлична дискреција на персоналот. Кога ѕидовите би можеле да зборуваат, сигурно би можеле да раскажат многу луди анегдоти за ова место, во кое главни актери се хероите и хероините од филмското платно.

Илјадници приказни се напишани за настаните во хотелот, од Мел Гибсон кој организирал забава за 300 луѓе до Шерон Стоун која наредила харфистка облечена во ирска народна носија да ја забавува. Со гости како Кевин Костнер, Моника Белучи, Ларс фон Трир, Џенифер Лопез, Пенелопе Круз, Џон Траволта и Роман Полански – приказните не изостануваат.

Арнолд Шварценегер, како и полската манекенка Ања Рубик, не можеле да одолеат да се сончаат на балконот. Ангелот на Викторија Алесандра Амбросио и Викторија Силвстед исто така ги покажале своите тела на падините на плажите на оваа медитеранска идила.

Токму тука Елизабет Тејлор и Ричард Бартон биле на меден месец, Марвин Дејвис ограбен за дури 10 милиони долари, а Кејт Мос еднаш опустошила една соба толку многу што и е забрането никогаш повторно да престојува.

Овде секоја ѕвезда има посебна услуга, па Том Круз добил органска салата наменета за него, а Бред Пит и Анџелина Џоли еднаш го изнајмиле целиот кат само за да можат да уживаат.

Кан, магнет за моќните, убавите и богатите, нуди совршена комбинација на експонираност и интимност и не престанува да ја интригира јавноста со она што се случува зад ѕидовите на неговите најпознати хотели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk