Пејачката Ивана Банфиќ своевремено жареше и палеше на југословенската сцена беше вистинска ѕвезда, а сега нејзиниот живот има сосема поинаков тек и таа се посветила на животните и природата.

Таа често ги изненадуваше своите следбеници на Инстаграм со фотографии од нејзиното секојдневие, а сега објави фотографија на која се гледа како ја чисти шталата во гумени чизми.

„Само природно“, напиша таа во описот на фотографијата, што пријатно ги изненади нејзините фанови.

Последниве години Ивана живее во селото Стара Дренчина, кај Сисак, каде конечно најде мир и нов дом со сопругот Круно Ладишиќ и синот Јан.