НОВАК БИЛ НА ЛИТУРГИЈА ВО ЦРКВА НА КАЛЕМЕГДАН: Прва фотка на Ѓоковиќ од доаѓање во Белград

И покрај се што поминал во Австралија, хајката од медиумите која сеуште трае, Новак Ѓоковиќ е насмеан.
Тој утрово бил во Црквата Ружица на Калемегдан, за да присуствува на литургија и да се помоли за здравје.
– Луѓето кои биле на литургијата, останале затечени со фактот дека најдобриот спортист во светот е меѓу нив. Ноле скромно стоел и ја слушал литургијата, каде што после тоа некои од верниците му приоѓале да се фотографираат – вели извор за Информер.
Како и секогаш фановите се на прво место. Тоа го докажал и сега, му излегол во пресрет на навивач кој сакал селфи со најдобриот тенисер од било кога и било кого во светот.