logo
logo
logo

Плуќата страдаат од осаменост, бубрезите од страв: Научниците откриле како емоциите влијаат на ОРГАНИТЕ

Vecer | 19.01.2022

Плуќата страдаат од осаменост, бубрезите од страв: Научниците откриле како емоциите влијаат на ОРГАНИТЕ

Ова сваќање влече корени од кинескта медицина...

Ништо необично е кога ќе кажеме дека емоциите влијаат на физичката состојба кај човекот.

Ова сваќање потекнува од кинеската медицина, каде што постои теорија дека секој орган во телото на човекот го погодуваат одредени емоции.

Ваквата теорија е поткрепена и од научна страна, кога е докажано дека емоциите се сменуваат и менуваат, и остраваат последици на некои витални внатрешни органи.

Како негативните емоции влијаат на телото?

Слезина

Овој орган е важен дел од имунолошкиот систем и претставува филтер на крвта , ги чисти старите крвни зрнца и нечистотија во телото. Секоја претерана ментална “работа“, како што е грижа, опсесивно размислување за една иста работа или каење – и тоа како влијае на неа.

Плуќа

Плуќата се еден од виталните органи во нашиот организам, а на нив влијае тагата, жалос и осаменост.

Jeтрa

Функцијата на овој орган е многубројна, а најзначајни се метаболичката и хемодинамичната улога, влијае на коагулација, деоксикација и создавање жолчка. На неа влијае лутината, раздразливоста, фрустрацијата и злобноста.

Срце

Орган кој пумпа крв низ телото е синоним за живот, здравје и издржливост. Поврзано е со сите емоции, но на него насилно делува радост, но и депресија, несоница, очајување и рамнодушност.

Бубрези

Служат за чистење на токсини од организмот и создавање урина. Поврзани се со стравот, несигурноста и осаменоста.

Жолчна кеса

Таа пртеставува резервоар на жолчка, материи богати со холестерол и жолчна киселина, која ја излачува јетрата и која служи за варење на масти и липиди од храната. Ненадејни бурни реакции како што е шок и претерано возбудување, влијаат на неа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk