logo
logo
logo

10 НАЈБРУТАЛНИ КУЌИ ВО СВЕТОТ: Дали е можно некој да живее во нив?!

Vecer | 22.01.2022

10 НАЈБРУТАЛНИ КУЌИ ВО СВЕТОТ: Дали е можно некој да живее во нив?!

10. Куќа Брутале

Во Бејрут е изградена куќа на карпа. Буквално била пробиена карпата и во неа била „вметната“ куќа. Нејзината цена е 2,5 милиони долари и тоа кажува се за оваа куќа.

 

9. Лоба куќа

Лоба куќата во Чиле е направена од бетон и се наоѓа над самиот океан и нуди неверојатен поглед.

 

8. НА куќа

Куќата од стакло или проѕирната куќа се наоѓа во Јапонија и во неа нема да имате приватност. Инспирација за дизајнерите било дрвото.

7. Куќа Доктор Сус

На Алјаска има сосема ненормална куќа. Тоа е кула од куќи наредени една врз друга. Во неа се уште никој не живее, но кога ќе биде готова ќе биде атракција која сигурно ќе има свои клиенти.

 

6. Пол куќа

Во Мелбурн, покрај автопатот, има градба која остава без здив. Тоа е куќа која лебди над океанот. Погледот е фантастичен, а оваа недвижност е една од најфотографираните куќи во Австралија.

 

5. Аркап куќа

Куќа брод или пловечката куќа се наоѓа на Флорида и е вистинско чудо на архитектурата. Со оглед на тоа што има соларни панели и колектори за дождовница кои ја прочистуваат, оваа куќа може да се одржува сама од себе, а бидејќи може да се движи, можете да пловите со неа по океанот. Градежната фирма ветила дека секоја година ќе прави по три такви куќи за идните заинтересирани сопственици.

 

4. Антилија

Оваа куќа се наоѓа во Индија и е најскапата куќа во светот. Наменета е за животот на најбогатото семејство во Индија, содржи дури и храм, како и гаража со над 260 возила. Може да прими повеќечлена домашна послуга.

3. Заладу

Куќата Бил Гејтс се наоѓа во Вашингтон и се градела 7 години. Технолошки е целосно опремена и се во неа може да се прилагоди „на копче“ од температурата на воздухот до температурата на водата во куќата и во базените. Има 27 бањи, гостинска куќа, гаража за 26 коли итн.

 

2. Лебдечки морски коњ

Куќа која се наоѓа над и под морето. Дел е од заедницата на куќи лоцирани на вештачки остров во Дубаи.

1. Резиденција на брдо

Куќата се наоѓа во Русија во Москва и е футуристичка зграда без никакви недостатоци и првично била наменета за рускиот богаташ и неговата девојка Наоми Кембел.

 

Видео:

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk