Угљеша Гргур приватен детектив рекол за тв Пинк дека короната не донела криза во дететктивската работа.

“Короната не е препрека за нашата работа. Јас како дететктив работам во склад со законот за детективска дејност, и 90 отсто мои клиенти се жени. Често се случува партнерот да ја доведе во заблуда другата страна, а тоа да го свати дури во брак. Се случува да живеат и по десет години и да не знаат со кого, а потоа се одлучуваат да го провери“, вели Гргур и додава дека короната не влијаела негативно на оваа дејност, туку напротив, се зголемила.

Стручњак за истрага Стеван Ѓокиќ вели дека за изневера воглавно се изнајмуваат станови на ден па на нив овие мерки неможат да влијаат.

“Луѓето многу се поистоветуваат со филмовите. Главен дел на работата се сведува на разговор и на основа тоа утврдуваме дали има простор за сомнеж и изневерување“, вели Ѓокиќ.

Александар Радивојевиќ адвокат, вели дека нарушените односи во бракот се само чкрапало за развод, а изневерувањето е само дел од нив.

“Изневерувањето не е правна категорија. Ниеден закон не предвидува изневера од било која причина во било кој однос“, објаснува.

Радивојевиќ вели дека се случува мажите водат паралелни животи и долго време никој да не забележи.

“Човек во два града направил две самостојни семејства. И децата од двата брака се поврзале преку социјалните мрежи. Тие ја разоткриле таа приказна и сега одлично функционираат… и тоа се случува!“, вели Радивојевиќ.