Традиционална манифестација

Започна „Звегорска сурва"

Утре е централната прослава на „Звегорска сурва", кога се прави „Василичарската свадба". Во неа учествуваат сите жители на селото, но главни актери се зетот, невестата, кумот и сватовите, кои маскирани одат по улиците низ селото и ги посетуваат сите домаќинства на кои им ја честитаат Новата (сурва) година и им делат благослови за добро здравје, ксмет и бериќет

Во селото Звегор, кај Делчево денеска и утре се одржува традиционалната манифестација „Звегорска сурва". Настанот кој е под покровителство на Министрството за култура и локалната самоупрва, започна утрово со обичајот „Сурва нова година".

Во овој обичај се вклучени деца кои во групи опремени со суроваски ги гонат селските кучиња извикувајќи „Сурваааа... и одат од куќа на куќа, пеејќи василичарски обредни песни. Домаќините ги даруваат гостите - сурваскари со јаболки, ореви, бонбони, гурабии и други дарови.

Утре е централната прослава на „Звегорска сурва", кога се прави „Василичарската свадба". Во неа учествуваат сите жители на селото, но главни актери се зетот, невестата, кумот и сватовите, кои маскирани одат по улиците низ селото и ги посетуваат сите домаќинства на кои им ја честитаат Новата (сурва) година и им делат благослови за добро здравје, ксмет и бериќет.

Домаќините, пак, ги почестуваат со грејана домашна ракија, свинско месо, сирење и им ги полнат торбите со грав, компири, суви пиперки и други прехранбени артикли. Од собраните дарови се подготвува „василичарска свадбена трпеза" за сите учесници и гости на манифестацијата.

Во рамките на музичката програма на „Звегорска сурва" се одржува своевидна смотра на дувачки оркестри, пејачки и играорни групи, а манифестацијата продолжува на сред село со општонародна веселба и завршува во доцните вечерни часови со посета на домовите на оние што го носат името Васил, Васе, Васко, Василка...

Поврзани

Најнови вести

Коментари