ИНИЦИЈАТИВА НА АРХИТЕКТИТЕ

Зачувување на старата амбиентална архитектура во Куманово

Најголем дел од старите градби се градени во текот на 20-тите години од минатиот век и припаѓаат на неокласицизмот. Најзаслужен за ликот на Куманово е рускиот инженер Владимир Антонов. Освен што во тој период се поплочени најголемите улици во тогашно Куманово, изградени се и Околиската зграда, Занаетчскиот дом, Бановинската градска болница, Соколарскиот дом и Хотел "Куманово"

Кумановскиот огранок на Асоцијацијата на архитекти ќе побара од локалната власт формирање стручен тим, кој советодавно ќе влијае на зачувување на старата амбиентална архитектура во градот.

Според претседателот на кумановскиот огранок, Горан Митевски, во Куманово има значителен број објекти со сочувана амбиентална архитектура.
- Пожелно е со урбанистичкото уредување станбените и објектите од јавен карактер да не може да се доградуваат доколку не добијат одобрение од Асоцијацијата на архитекти со цел за зачување на старата амбиентална градба, смета Митевски.

Станбените објекти се лоцирани на улиците "Ленинова", "Моша Пијаде", "11 Октомври", "Илинденска", "Иво Лола Рибар", и во строгиот центар на градот.

Од здружението на архитектите го поздравуваат зачленувањето на Куманово во Асоцијацијата на градови со стара амбиентална архитектура. Најголем дел од старите градби се градени во текот на 20-тите години од минатиот век и припаѓаат на неокласицизмот. Најзаслужен за ликот на Куманово е рускиот инженер Владимир Антонов. Освен што во тој период се поплочени најголемите улици во тогашно Куманово, изградени се и Околиската зграда, Занаетчскиот дом, Бановинската градска болница, Соколарскиот дом и Хотел "Куманово".

Поврзани

Најнови вести

Коментари