ФЕСТИВАЛ БРАЌА МАНАКИ

Томи Салковски повторно директор

Томи Салковски е повторно избран за директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера "Браќа Манаки". Четвртиот мандат за извршување на функцијата го добил со целосна поддршка од присутните членови на редовното Годишно собрание на Друштвото на филмските работници на Република Македонија. Годишното собрание, со присуство на 56 членови, се одржа на 8 февруари, 2007 година во просториите на Националниот филмски центар "Вардар филм".
Салковски е роден 1971 година, во Скопје. Дипломира на филмска и ТВ камера на ФДУ во Скопје. Работи како кинематографер и продуцент. Од 2000 година е директор на фестивалот "Браќа Манаки".

Поврзани

Најнови вести

Коментари