Лица без маски

Соседи и Проклетството на Виктор и Викторија

Театарската претстава „Соседи", во режија на Павел Штоурац ќе се одржи на големата сцена на Универзална сала со почеток од 20 часот, а Проклетството на Виктор и Викторија, на малата сцена во 22 часот

Театраските претстави "Соседи" и "Проклетството на Виктор и Викторија" ќе можат да се видат вечерва во рамките на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски" 2014. „Соседи", во режија на Павел Штоурац, а во изведба на ансамблот на независниот театар „Континуо" од Маловице, Чешка Република, ќе биде изведена на големата сцена на Универзална сала, со почеток од 20 часот.

Претставата „Соседи" зборува за разурнувањето на општеството и човечките односи и вредности во еден период на живот кога општествениот организам доживува распад на целиот систем.

На малата сцена во Универзална сала, пак во 22 часот ќе биде изведена претставата „Проклетството на Виктор и Викторија", во режија на Војо Цветановски, а во изведба на актерите Дарко Вељиќ и Марија Бејкова.

Претставата е магистерски труд на продуцентката Сибел Јакуповиќ, а претставува спој на пантомимата и тангото, во една наративна приказна во која се воспева љубовта.

Поврзани

Најнови вести

Коментари