МЕРИ БОШКОВА, ЉУПКА ЏУНДЕВА И АЦО ЈОВАНОВСКИ НА ЈУБИЛЕЈОТ

Шеесет години од "Фросина", првиот македонски игран филм

Шеесет години поминаа од премиерата на "Фросина", првиот македонски игран филм. Кинотека на Македонија се подготви за јубилејот, на кој ќе присуствуваат и членовите на актерската екипа. Своето присуство веќе го потврдиле доајените на македонското филмско актерство - Мери Бошкова, Љупка Џундева и Ацо Јовановски.

Денеска ќе има и свечена проекција на "Фросина" проследена со изложба на фотографии и архивски материјали од фондот на Кинотеката.

Роденденот на Фросина" ќе биде одбележан и на Охридско лето" со проекција на филмот на 12-ти август. Кинотеката и Охридско лето" лани ја одбележаа 50-годишнината од премиерата на првата македонска комедија.

(Де.Т.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари