НОВА КНИГА

"Рѓосани бисери" од Мазенковски

Издавачката куќа "Бата прес" ја објави книгата басни "Рѓосани бисери" од Спасе Мазенковски, писател, новинар и публицист кој живее и твори во Мала Преспа, Албанија. Басните се напишани со полна инвенција, мудро соопштени и умно составени. Оваа книга ќе биде интересна и од лингвистички аспект, зашто носи јазички и зборовни новини кои Мазенковски ги црпи од неговиот дијалект како дел од македонскиот литературен јазик, соопшти издавачот. Спасе Мазенковски е роден во село Леска, Мала Преспа. Автор е на над 120 басни (фабули), користејќи ја лисицата, лавот, јунецот, волкот, овцата и слично, за да соопшти многу моменти од нашиот живот. На македонски јазик има објавено неколку поетски збирки, книги раскази и репортажи: "Преспа моја", "Разнобојна китка", "Торбулето на татко ми", "Преспанска убавица", "Лабид и Преспана".

Поврзани

Најнови вести

Коментари