ШТИП

Реконструкција на Еврејските гробишта

Музејот во Штип наскоро ќе почне со реконструкција на Еврејските гробишта.
Според Зоран Читкушев, директор на штипскиот Музеј, ќе биде извршена реконструкција и конзервација на гробовите, во кои се погребани жители на Штип од еврејската заедница од почетокот на 19 век. На Еврејските гробишта во Штип ќе се изврши партерно уредување, ќе се пробие пристапен пат до нив и ќе се постави ограден ѕид.
Реконструкцијата ќе се изврши со средства од Владата, Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство.

Поврзани

Најнови вести

Коментари