Атрактивна изложба

Пристигнаа Ангелите на Кисјов

 

Во Музејот на град Скопје вечер ќе се отвори изложбата на академскиот сликар Роман Кисјов од Бугарија, насловена како„Ангели - ликови - знаци". Пред македонската публика ќе бидат претставени 25 цртежи на авторот кој меѓу македонската публика е познат и како поет и преведувач.

"Кисјов кај нас е познат како голем вљубеник во модерната македонска поезија, која ја смета за една од најубавите во светот денес. Неа со голема страст ја преведува и афирмира во неговата родна земја. Но, Роман Кисјов не е само преведувач, туку е и сјаен, одличен поет, но и одличен сликар. Впрочем, тој и студирал сликарство на Софиската ликовна академија, кога ја открива не само ликовната, туку и поетската магија, правејќи наскоро од нив извонредно успешна синтеза, или, поарно речено, алхемија во која сликата станува поезија, а поезијата слика, извирајќи двете една од друга како нераскинливи исконски близначки", вели Ефтим Клетников, кој ги преведе избраните песни на Кисјов на македонски под наслов „Словото пастир".
Според него, Кисјов е извонреден цртач, кој во сликарството трага по исчезнатите траги на светото, а неговата цртачка уметност е апсолутно спиритуална.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари