Отворен повик

Пријавување филмови за "Мобил Фестивал 2016"

Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил Фестивал" објави отворен повик за пријавување филмови за седмото издание, кое ќе се одржи во периодот од 15 до 26 ноември во Скопје.

 Право на учество имаат сите филмови снимени со мобилен телефон, кои не се подолги од 10 минути и не биле пријавени на претходните изданија на „Мобил Фестивал". Во конкуренција влегуваат сите филмови кои ќе пристигнат најдоцна до 20 ноември 2016 година, на адресата [email protected].

Селектираните филмови ќе влезат во конкуренција за неколку награди, и тоа за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале", за најинвентивен филм, за најоригинална приказна, за најдобра идеја и за најдобар филм во домашната програма Млади таленти. Организатор е продуцентската куќа „КТ Филм и Медиа". 

Поврзани

Најнови вести

Коментари