In memoriam

Почина оперската певица Васка Биџова - Гајдова

На 90-годишна возраст на 5-ти овој месец почина сопранот Васка Биџова - Гајдова, уметник од првата генерација на основоположниците на Македонската опера и балет.

Како сеќавање за неа утре во Прес-салонот на МОБ ќе биде одржана комеморативна седница.

Васка Биџова - Гајдова трајно ќе остане во сеќавање по нејзиниот прекрасен колоратурен сопран или како што ја нарекуваа "славејчето на операта". Ќе биде запаметена по улогите: Адина во "Љубовен напиток#, Евридика во "Орфеј и Евридика", Кралицата на ноќта во "Волшебната флејта", Лучија во "Лучија од Ламермур", Џилда во "Риголето", Фјордилиџи во "Така прават сите", Розина во "Севиљскиот бербер" и многу други.

Поврзани

Најнови вести

Коментари