Во Ново Село

Отворен Музејот на дејците на ВМРО од Штип и штипско

"Ретко се наоѓаат вакви места во кои се родиле и вдомиле толку многу познати револуционери, војводи, комити и останати дејци од илинденскиот и постилинденскиот период. Секое камче во Ново Село крие своја историја, своја приказна и свое значење“, истакна премиерот Никола Груевски на отварањето на Музејот 

Во штипско Ново Село  попладнево свечено беше отворен Музејот на дејците на ВМРО од Штип и Штипско во период од 1983-1934. 

Премиерот Никола Груевски истакна дека штипско Ново Село е легенда за историјата на Македонија и ретко кое место во земјава има родено дејци и револуционери кои придонеле за развојот на историјата.

"Ретко се наоѓаат вакви места во кои се родиле и вдомиле толку многу познати револуционери, војводи, комити и останати дејци од илинденскиот и постилинденскиот период. Секое камче во Ново Село крие своја историја, своја приказна и свое значење. Тргнувајќи од познатото новоселско училиште продолжувајќи преку црквата Света Богородица, месноста Кај јаворот, преку разните улици, мостови, црквата Свети Спас, гробовите, бистите, поединечните куќи помалку познати или помалку непознати семејства од штипско Ново Село", изјави премиерот Груевски, кој заедно со министерката Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Штип Илчо Захариев, го отворија објектот.

Тој истакна дека секое делче од штипско Ново Село сведочи за некој историски период и за истакнати историски личности и за многу настани поврзани со Внатрешно македонската револуционерна организација.

“Легендите тука се испреплетуваат на секој чекор.Токму затоа Ново Село само по себе е легенда за Македонија. Ваквата легенда од денес со уште една карактеристична куќа музеј која од едно место и во посебен автентичен стил ќе раскажува за славните даскали од штипско, Гоце Делчев, Ѓорче Петров и Даме Груев, за големот број нивни училишни соборци за Дончо штипјанчето и неговиот мит за непокорноста и верноста, за загинувањето на војводите Христо Чернопеев и Мишо Развигоров, за Тодор Александров, за многуте револуцинери кои потекнуваат или дејствувале во Штип и штипско како што се Јордан Цицонков, Славејко Арсов, Тодор Лазаров, Стојан Донев Тосев, Славчо Ковачев, Ванчо Михајлов, Јордан Ѓурков, Димитар Мирасчиев, Панчо Михајлов, Страхил Развигоров, Мите Хаџимишев, Ристо Ченков, Ефрем Чучко и уште многу други членови и предводници на организацијата од нејзиното основање па се до 1934 година. Сите овие имиња оставиле траен белег во нашата историја, истакна Груевски.

Премиерот Никола Груевски потенцира дека овој музеј на ВМРО во Штип и штипско ќе остане вечно да раскажува за сите настани, за сите личности, за организацијата и за начинот на кој се живеело и на кој се гинело за Македонија.

Министерката за култура Канческа Милевска, пак, рече дека штипско Ново Село денеска добива музеј кој ќе биде спомен дом на македонските револуционери кои се родени во ова место и кои целиот животен век го посветија на Македонија.

Во овој музеј се сместени 11 восочни фигури на истакнати историски дејци од илинденскиот и постилинденскиот период, а кои потекнуваат од штипско Ново Село.

- Преку овој музеј ние оддаваме почит кон делото на овие македонски револуционери и овозможуваме културна интеракција помеѓу нашето минато и сегашноста, помеѓу историјата и современото живеење. Музејот е наш придонес во расветлувањето на еден сегмент од континуираната револуционерна борба на Македонците, кои целата своја духовна сила ја вложија во создавањето на самостојна, обединета и демократска Македонија, истакна министерката за култура.

Музејот на ВМРО во Штип и штипско е сместен во реконструираната и возобновена куќа на старата новоселска фамилија Андонови која беше откупена од Министерството за култура со цел да се сочува овој вреден споменик на културата и да се обезбеди неговото одржливо користење.

Музејот поседува изложбен простор од 160 метри квадратни, седум засебни простории во кои се поместени вепчатливи на вредни експонати, фотографии автенични документи лични предмети воена опрема и оружја поврзани со најзначајните личности од овој регион кои биле вклучени во активностите на македонската револуционерна организација од нејзиното основање до Солун 1893 се до случувањата во Марсеј 1934 година.

“Навистина радува фактот што со целосната конзервација, реставрација, санација, адаптација на објектот ја зачува својата автентичност обележјето на старата штипска архитектура и стилските карактеристики во ентериерот и во екстерното уредување“, додаде министерката Канческа Милевска.

Поврзани

Најнови вести

Коментари