Издавачка куќа "Икона"

Објавена книгата „И кој и да ме сретне..." од Отар Чиладзе

Тоа е роман – семејна хроника, во која всушност нема ни семејство, ни хроника

„И кој и да ме сретне..." е наслов на новата книга на познатиот грузиски автор Отар Чиладзе во издание на Издавачката куќа Икона.

Чиладзе на маестрален начин ги опишува ситуациите кога се доаѓа до привидно апсурдната помисла дека добротата го распрснува злото, или се констатира дека иднината на секоја убавина е нагрденоста.

Тоа е роман – семејна хроника, во која всушност нема ни семејство, ни хроника.

Отар Чиладзе (1933-2009) е еден од великаните на грузиската книжевност. „И кој и да ме сретне ..." е роман за „социјалниот" човек во кој, сепак постапките на јунакот не се мотивирани од социјалните чинители на животот, туку пред сè, од поривите и страстите што свесно или пот-свесно, најчесто ирационално, избиваат од застрашувачки меѓусебно отуѓени луѓе.

Поврзани

Најнови вести

Коментари