Во Кавадарци

"Обединети сме посилни"- изложба на Државниот архив

"Првпат ги собравме на едно место бидејќи досега не е правена таква изложба, вели директор на Архивот Филип Петровски и изрази надеж дека изложбата ќе им помогне на професорите по историја со историски час да го одбележат моментот на победата"

Државниот архив на Република Македонија денеска во Музеј галеријата во Кавадарци ја отвори изложбата „Обединети сме посилни".

Изложбата која се одржува по повод 70 години од победата на Антихитлеровската коалиција врз нацизмот, ја промовираше д-р Филип Петровски, директор на архивот.

Тој информира дека е направен збир на над 200 добро илустрирани и интересни фотографии, документи, пропаганден материјал и плакати на околу 30 таблоа кои ги објавувале западните сили.

"Првпат ги собравме на едно место бидејќи досега не е правена таква изложба, рече Петровски и изрази надеж дека изложбата ќе им помогне на професорите по историја со историски час да го одбележат моментот на победата".

Тој најави дека наскоро ќе биде готова и изложба за првата светска војна, со што, подвлече, ќе ги комплетираат војните прикажувајќи ги низ различни фотографии и документи. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари