Археологија

Нови наоди на Коклов рид кај Виница

Според Јулијана Иванова, директор на Музејот Теракота од Виница, со етапни ископувања кои траат неколку години се следи еден континуитет на живот на оваа населба кој започнува од 3. милениум пред н.е., периодот на раното и доцното бронзено време како и железното време

На археолошкиот локалитет „Коколов рид" во село Виничка Кршла крај Виница по едномесечните истражувања откриени се бројни керамички наоди. Тие го надополнуваат постоечкиот научен материјал кој потекнува од железно време, како и движен материјал од римскиот период.

Според Јулијана Иванова, директор на Музејот Теракота од Виница со етапни ископувања кои траат неколку години се следи еден континуитет на живот на оваа населба кој започнува од третиот милениум пред нашата ера, периодот на раното и доцното бронзено време како и железното време.

Истражувањата ќе продолжат во Музејот со систематска обработка на откриениот материјал. За целосно откривање на вредноста на материјалот ќе биде ангажиран и антрополог кој ќе работи на научна обработка на материјалот, изјави Иванова.

Истражувањата на овој локалитет финансиски се поддржани од Министерството за култура на РМ и од општина Виница.

Поврзани

Најнови вести

Коментари