Поезија

Награда „Бели мугри" за Марина Мијаковска

Книгата ќе биде промовирана на 22 декември во рамки на традиционалната манифестација „Денови"

Марина Мијаковска за поетскиот ракопис „Постела на тишината" ја доби наградата „Бели мугри" за книга од млад автор до 35-годишна возраст, која по седми пат ја додели Домот на култура „Кочо Рацин"-Скопје.

Одлуката за избор ја донесе жири во состав Бранко Цветкоски (претседател), Џабир Ахмети и Јованка Христовска (членови).

Книгата ќе биде промовирана на 22 декември во рамки на традиционалната манифестација „Денови", која установата ја организира во чест на раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин.

Поврзани

Најнови вести

Коментари