По пример на Британскиот музеј, Националниот архив на САД...

"Матичен википедијанец" ќе ја запознава јавноста со архивското богатство на Македонија

"Матичен википедијанец" (Wikipedian in Residence) ќе скенира материјали од Државниот архив на Македонија, кои се од општествен интерес и значење и кои се од слободен достапен карактер, и ќе ја запознава јавноста со архивското богатство што се чува во депоата на архивите во Македонија.

Ова е договорено со меморандум помеѓу Државниот архив на Македонија и Здружението за умножување на слободни содржини "Споделено знаење" од Скопје со цел да се афирмира историјата на Македонија и македонскиот народ и да се запознае јавноста со архивското богатство што се чува во депоата на архивите во Македонија.

Архивот посочува дека ваков вид иницијативи практикуваат и светски архиви и библиотеки, наведувајќи ги како пример Британскиот музеј и Британската библиотека во Лондон, Националниот архив на САД, Кралскиот музеј на Данска и Кралската библиотека на Данска во Копенхаген, Националната библиотека на Израел во Тел Авив, Музејот Пикасо во Барселона, Универзитетската библиотека во Белград и 87 други установи низ светот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари