ЦК "Трајко Прокопиев"

Концерт на Котевски и Ѓошевска во Куманово

Музичарите Александар Котевски на виолончело и Марија Ѓошевска на пијано ќе одржат концерт пред публиката во Куманово на 22 декември

Во Малата сала на НУ Центар за култура "Трајко Прокопиев" - Куманово на 22. декември (понеделник) со почеток во 19.30 часот концерт ќе одржат Александар Котевски на виолончело и Марија Ѓошевска на пијано.

Котевски е член на дуото виолончела "Котевски- Пеиќ" со кој има остварено концерти во Македонија и странство, член е и на камерниот состав "Трио В.А.М." во кој членуваат Марија Ѓошевска и Владимир Костов и редовен член е на "Фамес"- оркестар наменет за снимање на филмска музика при М1 студио во МТВ.

Од 2011 до 2014 работи како уметнички директор на Македонската опера.

Ѓошевска, пак, е еден од најистакнатите пијанисти во Република Македонија. Таа е редовен професор на катедрата по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, член на Сојузот на музички уметници на Република Македонија и член на на Сојузот на музички педагози на Република Македонија.

Во рамките на програмата ќе бидат изведени дела на Чајковски и Барбер.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари