Доделени наградите на "Битолски книжевни паметења"

Книжевен круг за Миневски, Ташковски, Кацаров и Крајчев

Традиционално, на денот на литературната манифестација „Битолски книжевни паметења" беше промовиран најновиот број на списанието „Раст", кое 15 години го издава Битолскиот книжевен круг

Блаже Миневски е годинешниот добитник на наградата „Книжевен круг за проза", драматургот Трајче Кацаров го доби "Книжевниот круг за драма", а Братислав Ташковски доби признание "Книжевен круг за поезија"... Овие награди се доделени во рамките на културната манифестација „Битолски книжевни паметења" организирана од Битолскиот книжевен круг, која одбележа пет години од востановувањето.

Дел од традиционалните награди е и „Книжевен круг за млад автор", кој му припадна на младиот поет Игор Крајчев.

Традиционално, на денот на литературната манифестација „Битолски книжевни паметења" беше промовиран најновиот број на списанието „Раст", кое 15 години го издава Битолскиот книжевен круг.

"Списанието „Раст" веќе 15 години е етаблирано на нашите простори. И во најновиот број промовирани се голем број песни на поети од нашето поднебје, како и други текстови и дела од различен литературен жанр. Овој производ претставува задоволство за секој читател и мотив за секој поет и писател, и затоа продолжуваме со неговото печатење, но и со организирање на престижната литературна манифестација „Битолски книжевни паметења", посочи Зоран Пејковски, претседател на Битолскиот книжевен круг.

На манифестацијата годинава се претставија неколку писатели и поети, а извадоци од своите дела прочитаа Виолета Танчева-Златева и Борче Панов.

Поврзани

Најнови вести

Коментари