ГОСТУВАЊЕ

Изложба на Тања Балаќ во Софија

Изложба на ликовниот уметник Тања Балаќ ќе биде отворена на 20 март во Центарот за култура и информации на Македонија во Софија, Бугарија. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, Маја Крстевска.

За делото на Тања Балаќ на отворањето ќе говори Филип Зидаров, раководител на одделот за убави уметности на Националната галерија на Бугарија.

Балаќ е афримиран автор со дефиниран сликарски ракопис, кој опфаќа комплексен однос меѓу ликовното и реалното. Новиот циклус слики, со кои таа ќе се претстави на оваа изложба, всушност се своевидно надоврзување на веќе афирмираниот концепт од самата авторка, во нејзиниот претходен циклус (од 2005-2006г.) наречен "Игра на присуство на отсутното". Во нив таа ја задржува и разработува суштински истата комплексна и екстензивна идеја.Балаќ од 2006 година е претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија - ДЛУМ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари