Во Мала станица

Изложба на фотографии Од Истанбул до Анадолија

Изложбата на фотографии, работена шест години во континуитет има цел да ја одсликува величествената силуета – историската текстура и атмосферата на Анадолија која се смета за колевка на разни култури и цивилизации.

Во Мултимедијалниот центар (Мала Станица) во Скопје од вечерва до 21. септември ќе биде отворена изложба на познатиот фотограф Мустафа Дедеоглу со наслов „Од Истанбул до Анадолија..."

Изложбата на фотографии, работена шест години во континуитет има цел да ја одсликува величествената силуета – историската текстура и атмосферата на Анадолија која се смета за колевка на разни култури и цивилизации.

Основниот принцип на изложените фотографии е тоа што (концептот) време не јасно дефинирана, со цел посетителите во себе да евоцираат различни емоции во однос на времето.

Авторот на изложбата во оваа серија од фотографии наместо да се фокусира на моменталната состојба во Истанбул и Анадолија, акцентот го става на автентичниот и меланхоличниот аспект на старите сокаци од историските населби, но исто така интересни се и бројните портрети на важни личности кои престојувале во Истанбул и Анадолија.

Во изложбата се вклучени и интересни фотографии од традиционалните церемонии посветени по повод денот на ашуре кое се одржува секоја година во Плоштадот Халкали Мегдан во Истанбул.

Мустафа Дедеоглу е роден во Ускудар 1978 година. Универзитетско образование индустриски инженер завршува во Кипар. По дипломирањето се враќа во Истанбул .

Голем број на фотографии на Мустафа Дедеоглу објавени се во разни списанија во земјите од светот; Москва, Санкт Петербург, Казан, Барселона, Грузија, Техеран, изложени се во престижни галерии и музеи.

Изложбата од 22. до 24. септември ќе биде отворена во Домот на културата во Битола.

Поврзани

Најнови вести

Коментари