ЗАПОЧНА РЕСТАВРАЦИЈАТА

Хавзипашини конаци - филмско депо

Проектот за обнова и реставрација на Хавзипашините конаци во селото Бардовци кај Скопје, каде што ќе биде сместен националниот филмски фонд на Кинотеката на Македонија, почна да се реализира. Премиерот Никола Груевски, викендов, ги посети Конаците означувајќи го стартот и на овој проект којшто треба да се реализира до крајот на 2010 година.
- Хавзипашините конаци ќе имаат три дела, од кои едниот ќе биде депо за филмови, другиот мултимедијален каде што ќе може и повеќе граѓани да доаѓаат и кој ќе и има образовни елементи, а ќе има и џебнокино и филмски музеј, потенцираше премиерот Никола Груевски при посетата на овој објект кој е изграден во 18 век.

Проектот го реализира Владата и Министерството за култура. Во првата фаза треба да се направи адаптација на депото во кое ќе се чува националниот филмски фонд на Македонија. Проектите треба да бидат завршени до април, годинава, до кога ќе биде и распишан конкурс за почеток на градежните работи. Објектите, пак, треба да бидат завршени до есента 2010 година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари