Познати лауреатите на МТФ "Војдан Чернодрински"

Гран при за "Кралски игри" на НТ Битола

Покрај ова своевидно Гран при оваа претстава се закити и со награда за режија, најдобра главна женска ролја на Катерина Аневска за улогата на Ана Болеин и за најдобра сценографија за Валентин Светозарев.

Претставата "Кралски игри" во режија на Љупчо Ѓорѓиевски на НТ од Битола е годинешен лауреат на наградата за уметничко остварување во целина на годинешниот МТФ "Војдан Чернодрински" во Прилеп.

Покрај ова своевидно Гран при оваа претстава се закити и со награда за режија, најдобра главна женска ролја на Катерина Аневска за улогата на Ана Болеин и за најдобра сценографија за Валентин Светозарев.

Актерот Никола Ристановски за "Подсекаљников“ во "Животот е прекрасен во продукција на МНТ го понесе признанието за најдобра главна машка улога.

Најдобра машка епизодна ролја според жирито во состав Васе Манчев , Јани Бојаџи И Владо Јовановски, изигра Кољо Черкезов како контролорот во "Ни ќар ни зијан“ на Струмичкиот театар, а на Биљана Драгичевиќ- Пројковска и припадна најдобрата женска "епизода“ за улогата на Серафима во "Животот е прекрасен“ на МНТ.

Најдобри млади актери се Талија Настова, за улогата во "Старицата од Калкута“ на ЈХК- Џинот од Велес и Марко Трајковиќ за Земљаника во "Ревизор" на НТ Куманово.

Најдобар костимограф за годинава е Розе Трајчевска за костимите во претставата "Ајнштајновите соништа“ на НТ "Војдан Чернодрински -Прилеп", награда за кореографија и сценски движења зема Кире Миладиноски за својата работа на претставата "Старицата од КалкутаЌ на НТ ЈХК Џинот од Велес, а најдобра музика споредстандардите на веќе споменатото жири направи Горан Трајковски во “Прометеј“ на Тускиот театар од Скопје. Наградата за текст муи припадна на Венко Андоновски за "Јов“ во изведба на Драмнскиот театар од Скопје, а признание за современа сценска драматизација доби Русомир Богдановски за "Ајнштајновите соништа“ на Прилепскиот театар.

Драмскиот театар односно "Јов“ ги доби уште наградите за рекламен материал направен од Владимир Симовски и специјалната награда за продукциска и сценска функционалност. Вечерва во 20 ч во чест на наградените прилепската публика ќе ја види концертната изведба на операта "Кармина Бурана“ на МОБ под диригентство на Иван Еминовиќ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари