ОД РОМАНОТ НА АКТЕРОТ САШО ТАСЕВСКИ

Фељтон за проститутката од Пеперутка во ВЕЧЕР

Од понеделник ексклузивно на страниците на ВЕЧЕР ќе може да прочитате делови од романот каде е опишан животот на една "ноќна дама" од високите скопски кругови, чии клиенти биле познати градски фаци, политичари, бизнисмени...

Од понеделник ексклузивно на страниците на ВЕЧЕР ќе може да прочитате делови од романот на актерот Сашо Тасевски, "Пеперутка", каде е опишан животот на една "ноќна дама" од високите скопски кругови, чии клиенти биле познати градски фаци, политичари, бизнисмени... За тоа дело, писателот Венко Андоновски вели:
-Исповедта на проститутката е испишана на "чист" скопски сленг, без пардон кон јазичната норма, од што на многумина јазични пуританци може да им се крене косата на главата. Се разбира, и тоа е во полза на кодот на веродостојноста и убедливоста со кој едно дело сака да ни каже "ова навистина се случува": неприродно би било скопска проститутка да зборува со речник на академик на МАНУ, па да изговори да речеме ваква реплика: "Впрочем, ќе му пружам задоволство на вашиот ценет полов орган".

А авторот Тасевски, за неговото прво роман-писание изјавува:
-Се работи за жена која стигнала до највисоките ешалони на власта, во бизнисот. Тие луѓе во романот се опишани со прекари, но сите се реални, вистински луѓе, вели Тасевски, додавајќи дека проститутката е мајка на две ќерки, кои се нормално воспитувани.
Првиот роман на Тасевски може да се купи во книжарницата на Матица, каде во продажба е и најновото негово дело: "Угурсуз". (Де.Т.)

Ќути си, трај си, ко ќе ти побараат, дај си
"Постојат одредени државни служби и агенции, коишто, ептен си ја вршат работата. Неколку курви што ги познавав, а што се продаваа за чесни, многу неславно завршија затоа што никогаш не ја научија првата лекција по предметот курвологија и етика. Долгиот јазик го скратува животот на пола, а понекогаш и на третина или што би рекла баба ми: Ќути си, трај си, ко ќе ти побараат, дај си! Ама после наплати си и пак ќути си! Ќути си во секој случај! Јас фала богу, научив да ќутам, особено во вонредни ситуации кога ебам политичари или полицајци. Зашто после оргазам, на сите нив им паѓаат маските за момент и тогаш лупаат што им падне на памет", пишува авторот Тасевски во "Пеперутка".






Поврзани

Најнови вести

Коментари