Признание

Димитар Котевски добитник на државната награда „Мајка Тереза"

Министерството за култура денеска соопшти дека одлуката е донесена од страна на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза".

 Примариус д-р Димитар Котевски е добитник на годинашната државна награда „Мајка Тереза".

Котевски ја добива наградата за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Министерството за култура денеска соопшти дека одлуката е донесена од страна на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза".

Наградата ќе биде врачена на 26 овој месец во 14 часот во Собранието на Република Македонија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари