Археологија

Британски експерти ќе се вклучат во истражувањето на Костоперска Карпа

Фокусот е ставен на регионот на „Костоперска Карпа" во Младо Нагоричане познато уште како Жеглиговски камен или Мала Света Гора. Таму, според нашите археолози, има најмалку три населби и остатоци од над 20-тина цркви

Локалитетот „Костоперска Карпа" во Младо Нагоричане ќе го истражуваат и професори од Англија од Универзитетот Сауттемптон, Единбург, Оксфорд ќе го истражуваат. 

Според директорката на Музејот во Куманово Анита Цветновска, проекот ќе трае наредните четири години, а поддржан е и од Управата за заштита на културното наследство и од Министертвото за култура.

“Фокусот е ставен на регионот на „Костоперска Карпа" во Младо Нагоричане познато уште како Жеглиговски камен или Мала Света Гора. Таму, според нашите археолози, има најмалку три населби и остатоци од над 20-тина цркви“, посочува Цветановска.

Раководител на проектот ќе биде проф. д-р Дргана Младеновиќ од Универзитетот од Сауттемптон. За ко-раководители се назначени професори од Оксфорд и Единбург, а од Македонија ќе учествува Дејан Ѓорѓиевски.

“Проекот ќе трае до 2018 година, а ќе се работи со геоскенирање и археолошко сондирање. Археолозите од Англија ќе употребат свои инструменти, како и инструменти кои ги набавивме од Шведска по што ќе се споредат искуствата“, истакна директорот на Управата за заштита на културно наследство Виктор Лилчиќ.

Следната недела треба да пристигне раководителот на проектот кој прво ќе се запозне со теренот и ќе утврди која метода најмногу ќе одговара за понатамошните истражувања, а ќе се проучува и архивата со која располага Музејот. Пообемни истражувања се планирани за наесен.

Поврзани

Најнови вести

Коментари