Британска поддршка на албанските вооружени групи и нивните акции во Македонија и Косово по војната

До 1948 година организација е помагана од италијанската и британска дипломатија, како и од вооружените и политички остатоци на фашистичката албанска влада. Тие имале за цел да ја дестабилизираат новата комунистичка власт, предводена од Тито, а Албанија пак имала својата цел создавање на т.н. “Голема Албанија# во етничките албански граници

НДШ во периодот од 1945 до 1950 била централната организација која во себе ги содржи политичките и вооружените елементи на борбата за дестабилизација на Југославија и создавање услови за отцепување на Косово и северозападниот дел од Македонија (како и дел од северна Грција), и присоединување на овие територии кон Албанија.

За таа цел организацијата, која има централа во Скопје за Косово и Македонија, применува мерки на поттикнување на локалното албанско насление кон отпор и немири, етничко чистење на териториите, како и вооружени напади врз милицијата и југословенската војска.

До 1948 година организацијата е помагана од италијанската и британската дипломатија, како и од вооружените и политички остатоци на фашистичката албанска Влада. Италија и Британија имале за цел да ја дестабилизираат новата комунистичка власт, предводена од Тито, а Албанија пак својата цел ја гледа во присоединување на територии и создавање Голема Албанија во етничките албански граници.

По 1948, и Резолуцијата на ИБ, Тирана за истата цел соработува со Москва и Сталин. Поради големиот прилив на население од Албаниј на Косово и во северозападна Македонија, меѓу кои се криеле и вооружените уфрлени групи, Југославија од 1948 сосема ја затвора границата со Албанија, и секој премин на двор од строгата процедура за влез се сметал за илегален.

Во Македонија дејствувале десетици вооружени групи, обединети под платформата на организацијата НДШ.

Азем Морани бил учител во основното училиште “Лирија#, во Скопје. Заедно со албанскиот државјанин Спиро Харила, исто така учител во Ѓорче Петров, формирале околиски и повеќе селски комитети на НДШ во скопските села Матка, Рашче, Крушопек како и Чајлане и Семениште. Заедно со нив во тетовскиот крај работел и Мехмед Буши. И тој, како и Спиро Харила, бил албански државјанин, бивш офицер на фашистичката војска за време на италијанската окупација на Албанија. За време на Втората светска војна и албанско-италијанската окупација на северозападниот дел од Македонија, Буши бил претседател на општината во Стенче, Тетовско. Мехмед Буши се спасува од прогон, така што пред крајот на војната стапува во редовите на македонските партизани.

Оваа тројка вршела политичка и вооружена организација на акции против властите на Република Македонија и Југославија.

Спиро Харила со пресуда на Окружниот суд во Скопје 8/47, од 7. 2.1947 година, за дејствување бил осуден на три години затвор.

Мехмед Буши, со пресуда на Окружниот суд во Скопје од 7. 2. 1947 година бил осуден на смрт.

Азем Морани влегол во НДШ под влијание на Махмут Думани, и тој бил албански државјанин, населен во Скопје. Соработувал со Џон Серечи од Косово. Во април 1946 година, Махмут Думани и Џон Серечи се среќаваат во Скопје и се договараат во Скопје да се формира централен штаб на НДШ за Македонија и Косово. Освен ова, делувањето од Скопје да се користи за контакти со конзулатите на Британија и Турција, од кои се добивала помош во техника, оружје и дипломатска поддршка за НДШ.

Потоа, Азем Морани се поврзува со вооружената група на Кемал Искендери од скопско, какао и со Руди Хосни и Халим Орана.

Руди Хосни бил поручник во албанската, а потоа и во италијанската војска. И тој, на крајот на војната, со пристапување во редовите на македонските партизани, успева да се спаси од прогон и судење од новите власти. Но, веднаш потоа, во 1946 се демобилизира, и се приклучува кон НДШ, каде што е задолжен за тероризам и диверзантски акции.

Халим Орана бил од Гњилане, Косово. За време на Втората светска војна бил конзул на фашистичката влада од Тирана во НДХ, во Загреб. Имал чести контакти и соработка со поглаварот на НДХ, Анте Павелиќ.

По војната, од Италија влегува во Македонија и заедно со доктор Златко Керим од Дебар организираат кадри и акции во НДШ. Керим дејствувал во Дебар, за што е уапсен, и осуден на 20 години затвор.

Халим Орана, заедно со Кемал Искендери и Азем Морани, е иницијатор за 4. Конгрес на НДШ одржан во Скопје, и формирањето на Централниот комитет на оваа организација.

Халим Орана е уапсен од УДБА и осуден на временска казна затвор.

Спомнатиот, 4. Конгес на НДШ на кој е формиран и Централен комитет за Косово и Македонија, е одржан на 1. 6. 1946 година. За претседател на Централниот комитет бил избран Халим Орана. За командант на сите вооружени групи бил избран Руди Хосни. Со тоа и формално, политички и териристички дејствијата на НДШ во Македонија и Косово ги предводел кадар од Тирана, припадници на фашистичката албанска влада во Втората светска војна.

Потоа, Кемал Искендери се упатил на Косово и во Дреница остварил средба со Ајет Грури и Џон Серечи за координација на дејствувањето. По апсењето на Кемал Искендери, неговото место за координација на вооружените активности го преземал Хасан Биљали.

По формирањето на Централниот комитет на НДШ, на 24 јули 1946 година на Косово е одржана средба на околу 140 припадници на НДШ, на која е формиран Штаб, како и формирање на вооружени оперативни групи, и центар за соработка со властите на Велика Британија од кои се добило ветување за помош во пари, оружје и политичка поддршка, со цел учество во соборување на власта во Југославија.

ОЗНА (УДБА и КОС) добива информација за средбата и веќе следниот ден, кај Призрен, врши вооружен напад врз припадниците на НДШ. Дел од нив апси, а педесетина од нив се упатуваат на бегство кон Грција каде што Британија им ветила сигурна заштита.

Пребегувањето на Исен Трпеза и Љуан Гаши во Грција под британска заштита покажала дека тој систем на британска поддршка функционирал.

Иако поголем дел од раководството на НДШ, по акцијата кај Призрен, избегале, ОЗНА преземала акции за нивно понатамошно гонење и спречување на пребегот во Грција кај Британците.

Во една од тие акции учествувал и Аризон Несторовски Марче, офицер на ОЗНА (УДБА и КОС) од Македонија. Тој бил во акцијата за следење и апсење на опасната вооружена група предводена од Сулеман Асипи од селото Отља, Кумановско која се упатила кон Грција.

Сулејман Асипи или Суљо Отља, бил локален организатор на вооружените дејствија против партизанското движење уште за време на Втората светска војна, а потоа продолжил со дејствувањето и во рамките на НДШ. За време на бугарската окупација на Македонија, под надзор на бугарскиот разузнавачки офицер Крсто Лазаров Коњушки, водел контрачета, со седиште во кумановското село Матејче. По наредба на Сулеман Асипи извршени се стрелања на 16 лица во село Матејче и 8 лица во селото Сушево. По завршување на војната, Сулејман Асипи стапува во контакт со претставници на паднатата фашистичка влада од Тирана дојдени на Косово и во Македонија да организираат вооружен отпор кон новата југословенска власт. Притоа, на Косово стапува во контакт со Џафер Дева и Хамид Круја, надлежни за реонот на Гњилане.

Од 1945 година во Матејче формира штаб и поголема вооружена група за напади врз граѓани и припадници на југословенската милиција и војска. Сулејман Асипи, со чин мајор, бил шеф на штабот.

ОЗНА во 1947 година, организира акција за следење и апсење на групата предводена од Сулејман Асипи во која учествува и офицерот на ОЗНА Аризон Несторовски Марче, кој во 1978 зборувал за таа акција.

Во групата беа девет лица, со лично вооружување и бомби, вели тогашниот офицер на ОЗНА Аризон Несторовски (д-р Томе Батковски, Великоалбанската игра во Македонија. Скопје, 1993 година). Имавме задача да ги следиме, а потоа да се инволвираме во групата, и за најмногу 15 дена да пристапиме кон нивно апсење. Групата на Суљо Отља (Сулејман Асипи) имаше намера да најде луѓе кои ќе ја одведат до грчката граница каде што требаше да бидат пречекани од грчка страна. Така и влеговме меѓу нивните редови. Се упативме од Скопје кон Пелистер.

Офицерите и припадниците на ОЗНА по влегувањето во нивните редови, подготвиле и план за измама и нивно апсење. Имено, на планината Пелистер, во непосредна близина на грчката граница, поставиле свои припадници кои требало да претставуваат наводна грчка караула, со лажни грчки војници околу објектот. Бидејќи групата била насилна и вооружена, било важно да се заробат без отпор и престрелки.

Кога групата на Суљо Отља, заедно со уфрлените офицери на ОЗНА како водичи, стасале до лажната грчка караула, Суљо Отља се сретнал со наводните грчки војници и им го предал орујето. Потоа, влегол заедно со останатите во камион за, наводно, да биде транспортиран на грчка територија. Но, намето во Грција, камионот ги одвел во Штип, во затвор.

Сулејман Асипи, предводник на вооружената група, е осуден на смрт. Самија Шабедини и Алија Сулејмани припадници на групата, биле убиени при обидот да избега во моментот на апсење. Бајрам Адеми, од истата група, е осуден на смрт. Останатите пет лица се осудени на временски казни од 6, до 18 години затвор.

ПРОДОЛЖУВА: По Резолуцијата на ИБ, Сталин и Москва, заедно со Енвер Хоџа близу три децении ќе дејствуваат во Косово и во Македонија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари