74 ФИЛМА НА ФЕСТИВАЛОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ФОТОГРАФИЈА

Битола ќе живее од 10 наутро до 3 по полноќ со "Браќа Манаки"

Кирил Ценевски, авторот на "Црно семе", Јад", е првиот награден со Голема ѕвезда на македонскиот филм", награда што од годинава ја воведува ДФРМ


74 филмови од светската и македонската кинематографија ќе гледаме на 34 фестивал "Браќа Манаки", најави вчера директорката Лабина Митевска. Меѓу нив четири се премиери, два кандидати за Оскар, голем број наградувани филмови на светските фестивали, познати автори и филмски таленти.
Вчера на прес-конференцијата претседателот на Друштвото на филмски работници, Горјан Тозија, најави дека оваа година воведуваат и награда "Голема ѕвезда на македонскиот филм", а оваа година ќе ја добие, според Тозија, најзаслужниот маг, Кирил Ценевски, авторот на "Црно семе", "Јад"...

Директорката Митевска, пак, најави дека ова ќе биде едно од најсериозните и најинтересни изданија на фестивалот, не само во однос на филмовите туку и содржината и дополнителната програма, а во Битола од 10 до 02 часот ќе има постојано случувања. Фестивалот и годинава ќе биде отворен со премиера на македонски филм - "Соба со пијано" на Игор Иванов-Изи, кој е во главната програма. Поради големиот интерес ќе има и втора проекција вечерта на отворањето, од 23 часот. За затворањето на 34. ИФФК на 20 септември е француско-белгиската копродукција "Танго Либре". Светска премиера во оваа програма токму во Битола ќе има Слатки" на кинематографот Фред Келеман.

Во главната селекција се 12 филмови одбрани од селекторот на официјалната програма Благоја Куновски-Доре. Тој прво го издвои филмот "Снежана" сниман од Кико де ла Рика, славен директор на фотографија кој со негов филм бил на Браќа Манаки" пред дваесет години. Тој кажа и дека четири филма, односно дури една третина од главната програма се црно-бели филмови, а од големите фестивали се бирани најдобрите филмови, а не победниците.
Селекторката на програмата Нови визии" најави посмел и поинтригантен избор, со дури четири дебитантски филмови и два на жени директорки на фотографија. Селекторката на документарната програма, пак, Гена Теодосиевска, покрај другото, специјално ја најави премиерата на македонскиот документарен филм "Барајќи ја среќата" на режисерката Марија Џиџева, филм за ергените од битолско кои бараат невести во Албанија. Македонската премиера ќе има и стоп-анимацијата "Алерик" на Вук Митевски, која минатиот месец беше учесник на Сараевскиот филмски фестивал. Покрај многуте програми, во Битола ќе се случи и втората балканска конференција на директори на фотографија со поддршка на ИМАГО.


"Браќа Манаки" ќе се одржи од 14 до 20 септември под мотото "Пушти ја светлината" а во Битола филмовите ќе се прикажуваат со нова опрема. Официјален партнер е Вип, генерален спонзор е Шпаркасе банка.

Филмовите на браќата Манаки со пијаното на Маротови

Заедно со Кинотека на Македонија на фестивалот првпат ќе бидат прикажани сите дигитализирани филмови од оставината на браќата Манаки во пијано придружба на групата Маротови", што ќе ги евоцира почетоците на филмската уметност и Официјален партнер е Вип, генерален спонзор е Шпаркасе банка.

(Де.Т.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари