Русалии, тапани и зурла

Бегалците од Кукуш заиграа во Секирник

Во чест на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица по петти пат на едно место се собраа единствените играорци кои ја негуваат и презентираат изворната традиционална игра на македонците бегалци од Кукуш и кукушко.

Русалиите повторно заиграа во Секирник. Во чест на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица по петти пат на едно место се собраа единствените играорци кои ја негуваат и презентираат изворната традиционална игра на македонците бегалци од Кукуш и кукушко. Звукот на тапанот и писокот на зурлата уште еднаш направија да се доживее историјата.
,, Традицијата е таа што ќе не одржи како народ, традицијата е таа која ни треба во моментот. Во сите овие бурни времиња, времиња на огромен напредок многу е тешко еден мал народ, една мала нација да опстане и да ја задржи својата автентичност. Ние сме должни да правиме напори а колку ќе успееме времето ќе покаже.,, рече Љупчо Колев – градоначалник на општина Босилово.


На петтата средба на русалии во Секирник учествуваа неколку фолклорни ансамбли, русалиски групи од земјата и соседна Бугарија како и групата Баклава.
,, За мене да бидам во Секирник на ваков настан е да нурнам во она што се вика русалии, да нурнам во она што се вика бежанци и кукушко.,, рече Елена Христова – група Баклава
Годинава меѓународната средба ,, Русалии – фолклор,, беше реализирана со поддршка на министерството за култура и локалната самоуправа во Босилово. Целта на манифестацијата која веќе прераснува во традиционална е да го зачува, но и афирмира русалиството како древен обичај од Јужна Македонија.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари