logo
logo
logo

Зошто ТРЕБА ДА КОРИСТИТЕ ЦИМЕТ

Vecer | 17.02.2022

Зошто ТРЕБА ДА КОРИСТИТЕ ЦИМЕТ

Здравствените придобивки од циметот се одамна познати, па не е чудно што и маслото од овој зачин има бројни корисни ефекти врз нашето здравје.

Го стабилизира шеќерот во крвта

Истражувањата покажаа дека конзумирањето суплементи од цимет два пати на ден во тек на 90 дена го подобрува нивото на хемоглобинот A1C кај оние кои страдаат од дијабетес. Маслото од цимет ги има истите придобивки кога станува збор за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта.

Ги намалува нападите на глад

Само две капки масло од цимет измешани во топла вода ја намалуваат желбата за прејадување, особено навечер. Истото дејство го има и мирисот на маслото од цимет, доколку благо го вдишете пред оброк. Маслото од цимет го намалува апетитот и го спречува прекумерното внесување храна.

Побрзо заздравување на раните

Иако студиите покажаа дека маслото од цимет го забрзува заздравувањето на раните, исто така содржи состојки кои можат да предизвикаат иритација. Затоа, маслото не го нанесувајте директно на кожата, туку користете го како облога.

Подобро варење

Пиењето топла вода со неколку капки масло од цимет го забрзува варењето и спречува запек.

Габични инфекции

Поради состојките што ги содржи, маслото од цимет ги намалува габичните инфекции на кожата и ноктите. Меѓутоа, кога станува збор за зараснување на раните, не го нанесувајте маслото директно на кожата.

Болест на непцата

Маслото од цимет има антибактериско дејство кое спречува кариес и болести на непцата. Измешајте неколку капки масло со паста за заби или само нанесете масло на четката и масирајте ја во непцата и забите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk